(ВИДЕО) Изборот за Светски автомобил на годината се „вжештува“ – ова се полуфиналистите

Познато е кој е во потесниот избор за титулаѕа Светски автомобил во 2021 година.
Набргу откако дознавме дека „Јарис“ е европски автомобил на годината, станаа познати и полуфиналистите на натпреварот за светски автомобил на годината. Освен Јарис кој се најде таму, има и други, и тие се по азбучен ред:
Audi A3
BMW serija 2 Gran Coupe
BMW serija 4
Honda e
Kia K5
Kia Sorento
Mazda MX-30
Mercedes GLA
Toyota Yaris i
Volkswagen ID.4.

Според сегашните проценки направени при овој избор, Јарис има големи шанси да го повтори успехот. Два електрични модели се споменуваат и како најголеми кандидати за победа.
Во исто време, се одржува изборот за Светски градски автомобил, а познати се петмината финалисти: Honda e, Toyota Yaris, Honda Jazz, Hyundai i10 i Hyundai i20.
Aston Martin DBX, BMW X6, Land Rover Defender, Mercedes S klasa иPolestar 2. се номинирани за титулата Најдобар во областа на луксузни автомобили.
Во најинтересната категорија на спортски перформанси номинирани се: Audi RS Q8, BMW M2 CS, BMW X5 M / X6 M, Porsche 911 Turbo и Toyota GR Yaris.
И, конечно, кога станува збор за дизајнот, овие пет модели влегоа во полуфиналето: Honda e, Land Rover Defender, Mazda MX-30, Polestar 2 и Porsche 911 Turbo.
Финалистите ќе бидат објавени на 30 март, а победниците на 20 април.

Фото: World Car Awards

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонскиот ИТ пионер „Еконет“ станува дел од реномираната ИТ компанија „Синами“

Од април 2021 година, македонскиот ИТ пионер „Еконет“ преминува во сопствеништво на реномираната ИТ компанија …