Холивудскиот актер е бесен на троловите кои се прашуваат дали е татко на неговото седмо дете. Имено, Алек Болдвин, на 63-годишна возраст, доби ќерка со сопругата Хиларија. Извор близок до парот потврдил дека нивното мало девојче Луција е родена од сурогат мајка.
Раѓањето на детето беше објавено половина година по раѓањето на нивниот син Едуард, што многумина ги остави во чудо.
View this post on Instagram
„Која е мајката? Таа не беше бремена. Се породи пред шест месеци. Ако родила сурогат мајка, тогаш кажи така. Ако си посвоил дете, кажи така. Ако детето е резултат на афера и решиш да го воспитуваш со сопругата, кажи така. Ако не сакаш да кажеш ништо, зошто не престанеш да објавуваш фотографии и да молиш за лајкови. Само одгледај ги своите деца во приватност“, му напишала една личност на Болдвин и го налутила па тој одговорил доста брзо.
„Треба еб**о да молчиш и да си ја гледаш својата работа“, возвратил глумецот, но подоцна го избришал коментарот.
View this post on Instagram