Портокалот спречува воспалување на грлото, ги штити забите, а маската од него прави чудо за лицето

Доколку сакате овошен сок, најдобро е да се освежите со свежо исцеден портокал.
Овој природен сок помага во спречување на сувост на усната шуплина, смирува гингивит, помага при зараснување на рани и генерално го обезбедува здравјето на устата. Забите и непцата можете да ги истриете и со внатрешноста на кора од портокал.
Сокот од портокал спречува акумулација на штетни материи и бактерии кои се задржуваат особено на крајниците и во грлото.
Ако одлучите често да јадете портокали, знајте дека тоа ќе му помогне на имунитетот. Само еден портокал на ден може да заштити од грип, настинка, кашлање, кивање. Во исто време, еден портокал дневно го намалува нивото на холестерол во крвта.

„Еден портокал на ден штити од грип и кивање“

 

Дневната потрошувачка на ова овошје претставува добра заштита на невроните во мозокот и ‘рбетниот мозок, додека антиоксидансите во него го намалуваат влијанието на токсините кои се ослободуваат кога телото е под стрес. На тој начин се намалува можноста од оштетување на нервните клетки, односно се овозможува безгрижно стареење, зачувувајќи го и чистиот ум.

“Внатрешноста на кората ги штити забите и непцата”

Портокалите содржат околу 170 фитохемикалии за кои е докажано дека имаат антиинфламаторни и антиканцерогени својства, како и состојки кои спречуваат формирање на згрутчувања на крвта.
Не е за занемарување дека портокалите се многу диетални. Тие помагаат да се елиминираат сите токсини и нечистотии што се акумулираат во цревата и на тој начин спречуваат запек.

Маска за сува кожа на лицето
Ако имате сува кожа, сомелете портокал и додадете жолчки, а потоа се’ добро измешајте. Нанесете на лицето, оставете да делува 20 минути, а потоа измијте.

За мрсна кожа и митесери
Ако имате мрсна кожа, изрендајте ја кората, па изгмечете ја со прстите и нанесете на лицето. Митесерите се чистат со сува кора, која ќе ја сомелете, ќе ја изешате со малку ружина вода и ќе ја нанесете на лицето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Светскиот ден на хемофилијата со регионална кампања одбележан од Рош Македонија

Пандемијата со COVID-19 донесе голем број предизвици во изминатиот период со посебно влијание врз лицата …