facebook event

НУ Национална галерија: „Иван Велков, 90 години од раѓањето“

На 4. март 2021 година, (четвртотк) во НУ Национална галерија на Р.Северна Македонија, објект Чифте амам ќе биде отворена Јубилејната изложба „Иван Велков, 90 години од раѓањето”. На изложбата ќе бидат претставени 90тина дела од сите творечки фази на Иван Велков, а истите се дел од колекциите на Националната галерија, Музејот на современата уметност, Скопје, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип, НУЦК „Антон Панов”, Струмица, семејството Велкови како и на голем дел приватни сопственици на кои длабоко им благодариме за соработката. Изложбата ќе биде отворена до 30.3.2021 година.

Бескрајни релации, 1978, масло на платно, 195х135см (прив.сопственост)

Пролет, 1959, масло на платно, 144х92см (прив.сопственост)

Иван Велков (22.4.1930, Врање – 26.5.2008, Скопје) спаѓа во рангот на еминетните македонски сликари, воедно и универзитетски професор, припадник на повоената генерација уметници, кој одигра особено значајна улога за развојот на македонското сликарство во 1960-тите години.
Иван Велков без двоумење се вбројува во рангот на најзначајните македонски автори заради фактот дека со своето творештво внесе сопствени иновации, но и дел од движењата од светската ликовна сцена кај нас. Во таа смисла треба да се респектира неговиот придонес во следењето на ликовната патека која помина низ повеќе препознатливи стилски сликарски насоки од кои го одбра оној сензибилитет што најадекватно можеше да го транскрибира со сопствениот визуелен дискурс.
Иван Велков и припаѓа на повоената генерација уметници активни од шестата деценија која најчесто историчарите на уметноста ја дефинираат како „период на обнова”. По згаснувањето на соцреализмот и постарата, веќе формирана генерација, се појавува новата генерација млади уметници подготвени за експериментирање со сликата и пренесување на новите појави и иновации од опкружувањето и светот кои се залагаат за нови креативни изрази.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Македонскиот стрип дел од проектот „CAN FOR BALKANS“

Стрип центарот на Македонија-Велес започна со локалната имплементацијата на мегународниот проектот CAN(Comic alliance Networking)  FOR …