Ковид пасоши: „Ставот на СЗО по ова прашање е јасен!“

Светската здравствена организација (СЗО) во моментов е против воведување на специјални сертификати или ковид пасоши за лица кои примиле вакцина против коронавирус, изјави денеска претставникот на СЗО во Русија, Мелита Вујиновиќ.
„Светската здравствена организација е јасна по ова прашање и во овој момент не препорачува ваков вид пасош“, изјавила Мелита Вујиновиќ за телевизискиот канал „Русија 24“.
Во исто време, Вујиновиќ не ја исклучува можноста СЗО во еден момент да даде свои предлози за содржината на пасошот.


Ковид-пасош: „Спротивно на доброволното вакцинирање“
„Секако, земјите го следат нивниот курс, секој се обидува да им овозможи на своите граѓани да можат да се движат што е можно повеќе. СЗО ќе соработува со сите земји по ова прашање”, додала таа.
Во понеделникот, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рекла дека комисијата ќе го претстави својот проект на единствен сертификат за вакцинација во март.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Повторно заедно – Кели од Беверли Хилс сподели фотографија и ги воодушеви фановите на култната серија

Тие беа ѕвездите на култната серија од деведесеттите „Беверли Хилс 90210“ на авторот Дарен Стар, …