(ВИДЕО) Тексас го укиува задолжителното носење маски:„Време е 100 отсто да се отвориме!“

Гувернерот на Тексас Грег Абот, денес го објави најширокото укинување на мерките за коронавирус во сите држави во САД, велејќи дека повеќето компании може да се отворат со полн капацитет следната недела и дека ќе биде укината обврската за носење маски
Извршната наредба уследи откако многу сојузни држави и поголеми градови во САД, кои бележат голем пад на коронавирусни инфекции и хоспитализации во болница, започнаа со ублажување на ограничувањата наметнати пред една година.

„Време е 100 проценти да го отвориме Тексас“, рекол Абот, републиканец, кој е гувернер во првиот мандат, на прес-конференција. Тој додал дека наредбата ќе стапи на сила на 10. март.
Извршната наредба на Абот ја укинува обврската за носење маски низ целата држава и забранува казнување на жителите кои не ги носат и ги отстранува сите ограничувања за деловно работење во области без голем број хоспитализации.
Во области каде сè уште има многу хоспитализирани, локалните власти може да применат некои ограничувања на компаниите, но не можат да одредат да работат со помалку од 50 проценти од капацитетот, рекол Абот.
Гувернерот рекол дека успеал да ги укине ограничувањата затоа што жителите на Тексас, третата најнаселена американска држава со 29. милиони луѓе, примиле скоро 5,7 милиони вакцини.
На прашањето за потегот на Тексас, портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки, рекла дека претседателот Џо Бајден јасно ставил до знаење дека сè уште се потребни ограничувања против коронавирусот.
„Ние треба да останеме будни. Се уште сме во војна со вирусот, секако претседателот ќе продолжи да го емитува ова јавно и приватно во своите разговори”, рекла Псаки на брифингот во Белата куќа.

Фото: Скриншот/MSNBC

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 4.000.000 ЛУЃЕ ВО ШОК ГЛЕДАЛЕ ШТО И СЕ ЗАГЛАВИЛО МЕЃУ НОЗЕ: „Зачекорив, слушнав писок и видов нешто ЦРНО!

Една жена се згрозила откако открила жив лилјак кој виси од нејзиното меѓуножје откако го …