(ВИДЕО) Со провокативен спот снимен во Детроит, алтернативната денс група BDM ја освојува Америка

Македонската алтернативна денс група БДМ, со ремикс на нивната последна песна Stay и видео спот снимен во Детроит, се пробиваат на европскиот и американскиот пазар. Песната што Бранко Вељановски, Дуле Вељановски и Мартин Делимитов ја промовираа пред Нова година, сега е со поинаков звук, направен во соработка со холандскиот продуцент и диџеј Neemese.
Провокативното видео со еротски сцени, го режираше Виктор Стоимиров, а во него се појавува моделот Габриел Ларион.

„Нашата музика од почетокот ја издаваме преку ‘Парагон рекордс лејбл’ кој соработува со светски музички компании и платформи. Оттаму идејата да ги промовираме нашите песни надвор и од Македонија, особено што сите соработки што ги направивме досега, и со Јова, и со Валери, Алекс Ви и Калин, се песни на англиски јазик. Видеото се снимаше на неколку локации во Детроит, САД и нескромно може да кажеме дека делува светски”, велат момците од „БДМ“.
По ова, тие најавуваат уште еден сингл, по што ќе го промовираат и нивниот прв албум, State of Mind кој е во завршна фаза.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Кралското семејство објавило комеморативно видео за принцот Филип

Во пресрет на погребот на принцот Филип, кој почина на 100-годишна возраст, кралското семејство на …