Легендарната кантри пејачка Доли Партон ја прими својата прва вакцина и се пофали со тоа на социјалните мрежи, поканувајќи ги нејзините обожаватели и другите да го сторат истото.
„Доли доби доза од својот лек“, напишала во описот на видеото што го објавила на социјалните мрежи. Таа дури и пеела во ритамот на нејзината позната песна „Џолин“, само што ги сменила текстот за да биде во духот на вакцинацијата.
„Конечно ќе добијам вакцина, толку сум возбудена. Чекав некое време, доволно сум стара да ја добијам и паметна сум да ја примам. Сакам да им кажам на сите дека и вие треба да го сторите истото. Мислам дека сите сакаме да се вратиме во нормала, каква и да е таа. Јас само сакам да ги охрабрам сите, бидејќи штом започнеме да се чувствуваме подобро, побрзо ќе се вратиме во нормала“, рекла Доли. Таа била вакцинирана во Медицинскиот центар на универзитетот Вандербилт во Нешвил.
View this post on Instagram
Доли Партон донираше милион долари истражување за вакцината коронавирус во април минатата година, а нејзината донација тогаш многу помогна во развојот на вакцината Модерна.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram