(ВИДЕО) Вакцината – „Џонсон, Џонсон“ – нов играч кој диктира нови правила

За разлика од вакцините против корона, кои досега беа во масовна употреба и за кои е потребно давање на две дози, со цел заштитата да биде целосна, компанијата „Џонсон“ и „Џонсон“ ја лансираа првата вакцина што се прима само во една доза. Од вчера е во масовна дистрибуција во Америка.

Оваа вест означува нова фаза во глобалниот процес на вакцинација, бидејќи, според аналитичарите, го олеснува помасовно користење, особено со фактот дека не бара ладење. Имено, вакцината на компанијата „Џонсон и Џонсон“ може да се чува во ладилници со широка намена, што ја олеснува нејзината дистрибуција во однос на вакцините на компанијата „фајзер/Бајонтек“ или „Модерна“, кои треба да се чуваат замрзнати на ниски температури.


Американската управа за храна и лекови на САД (ФДА) одобри итна употреба на оваа вакцина минатата недела и рече дека таа нуди силна заштита од најважните работи: тешки случаи на болеста, хоспитализација и смртни случаи, а една доза е ефикасна 85. проценти против најтешките случаи од ковид 19, покажа големото истражување спроведено на три континенти. Заштитата е силна и во земји како Јужна Африка, каде што се шири сој на вирусот корона кој најмногу загрижува.


Испораката на неколку милиони дози, кои ќе бидат дистрибуирани меѓу американските држави, започна вчера, а „Џонсон и Џонсон“ се очекува да испорачаат 20. милиони дози на САД до крајот на март, а 100 милиони до летото.
Компанијата побара одобрување за итна употреба на вакцината во Европа и Светската здравствена организација (СЗО) и планира да произведе околу милијарда дози на глобално ниво до крајот на годината. Бахреин беше првиот што ја одобри употребата на вакцината „Џонсон и Џонсон“ во четвртокот.



Вакцината, направена од подружницата Јансен, е клинички тестирана на повеќе од 44.000 луѓе во САД, Јужна Америка и Латинска Америка. На глобално ниво, таа покажа ефикасност од 66. проценти во спречување на умерени и тешки форми на ковид. Кога станува збор за тестовите направени во Соединетите Држави, ефикасноста била 72. проценти, а 85. проценти се ефикасни против развој на тежок облик на ковид. Никој кој примил вакцина за време на тестирањата не починал, додава Си-Ен-Ен.

Фото: dw.com/france25

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали има идеална разлика во годините меѓу романтичните партнери? Еве што велат новите истражувања

Ако воопшто можеме да планираме љубов, ова би можело да биде идеалната разлика во годините …