(ВИДЕО+ФОТО) ЗЕМЈОТРЕС ВО ЛАРИСА – Го извлекле од урната куќа: Грчките пожарникари спасиле постар маж после страшниот земјотрес! Граѓаните повикани на внимание!

Грција, односно Лариса, утрово, околу 11.40 часот, ја погоди силен земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтер…
Грчки пожарникари извлекле еден постар човек, тетраплегичар, од делумно уништената куќа во село во Тесалија во централна Грција, која денес беше погодена од силен земјотрес.


Сопругата на овој постар човек успеала да излезе од куќата и да повика на помош, објави телевизијата ЕРТ.

Грчката служба за цивилна заштита ги повика граѓаните од загрозената област што беше погодена од силен земјотрес, уште да не се враќаат во своите домови, бидејќи сеизмичката активност сè уште постои.

Граѓаните се предупредени да внимаваат, а училиштата утре нема да работат, пренесува АНА.
Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер го погоди регионот на 24. километри северозападно од Лариса околу пладне, а се почувствувал и во Албанија, Македонија, Косово и Црна Гора.

Сè уште нема извештаи за повредени, а локалните власти велат дека биле оштетени неколку стари куќи.
Последователните земјотреси сè уште се чувствуваат во оваа област.

Никос Гакас, градоначалник на градот Еласона, кој се наоѓа северно од епицентарот на земјотресот, за ЕРТ изјавл дека ѕaидовите на старите куќи во блиското село се срушиле и дека едно селско училиште претрпело штета.

Сите ученици се евакуирани од зградата и нема повредени.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КОГА ПАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ТИ КУПАТ СРЕЌА: Атина Оназис – сопругот немилосрдно ја изневерувал, никогаш не ја преболела смртта на саканата личност, многу трагедии и го одбележале животот

Проклетството на семејството Оназис не ка одбегналоЖивотот на Атина Оназис, и покрај нејзиното потекло и …