Што лекарите никогаш не би јаделе?

Сè уште нема рецепт за совршено здравје, но има сè повеќе информации за тоа каква храна да јадеме ако сакаме да бидеме долговечни. Сега, експерти од различни области откриваат како се хранат, но и што воопшто не би јаделе.

Појадок кој го сакаат цревата
„Ова го нарекувам среќен оброк за цревата, бидејќи содржи многу супстанции кои се одлични во борбата против ракот“, вели д-р Марк Велтон, раководител на одделот за хирургија во болницата „Пало Алто“ во Америка.
Тој комбинира и обичен овес и оној од цели зрна, ги вари во вода десет минути и додава ленено семе и трици од овес на оброкот, бидејќи така се додаваат омега 3 масни киселини во јадењето. Во тавче ставете малку вода и ставете сусам, ф’стаци и малку индиско оревче. На крај, додадете боровинки затоа што се богати со антиоксиданти и витамини. Тој нагласува дека ако често правите ваков вид појадок, тогаш понекогаш можете да си дозволите не толку здрав оброк во кој што ќе уживате.


Едноставен ручек
„Обожавам хамбургери, чили и салата“, вели д-р Џордан Берлин, директор за онкологија во болницата Вандербилт-Инграм.
„Внимавам на внесот на протеини и растителни влакна, затоа се обидувам да јадам пет до девет овошја или некој зеленчук секој ден. Верувам дека таквата свежа храна е одличен начин за превенција“, заклучува тој.


Храна што го спасува животот
Онкологот од Денвер, д-р Роберт ЛаПорте вели дека во секој ресторан прво ќе нарача риба бидејќи докажано е дека омега 3 масните киселини го штитат кардиоваскуларниот систем и срцето, а сега веќе гласно се спомнуваат придобивките за превенција од рак на дојка, простата и дебелото црево. Тој не јаде многу преработено месо и избегнува тестенини и колачи колку што може затоа што се полни со шеќер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Како јас и дечко ми целосно ја трансформиравме цела куќа за 10.000 евра – Промена од под до плафон

Старата трошна куќа од 19 век добила нов изглед, во скандинавски стил. Имено, Хана Хемсберген …