(ФОТО) Научниците воодушевени со пингвинот што го откриле: Неговата боја е неверојатна!

Жолтиот пингвин е фотографиран на островите Јужна Џорџија во Атлантскиот океан, а научниците не можат точно да објаснат зошто има таква боја, а не вообичаената црно-бела боја.
Белгискиот фотограф Ив Адамс неодамна ја објави оваа фотографија, направена во декември 2019. година. Тој на својот Инстаграм напиша дека е член на експедиција која го посетила Јужен Атлантик и застанала на островите Јужна Џорџија.
– Додека ја распакувавме опремата, видов илјадници кралски пингвини на брегот, среде голем број морски слонови и крзнени фоки. Никогаш не сум видел толку многу пингвини, ги имаше повеќе од 100.000, но само еден веднаш ми привлече внимание затоа што беше жолт – рече Адамс, пренесува Livescience.


Кралските пингвини се црно-бели, со една жолта точка на „јаката“.
Сепак, овој пингвин немаше црно на него, но наместо тоа беше жолт.
Пингвините кои не се црно-бели се многу ретки, а според австралиската програма на Антарктикот, необичните бои можат да бидат резултат на повреди, диета, болести, генски мутации …
Мутациите можат да предизвикаат таканаречен меланизам, каде белите пердуви се заменуваат со црни или албинизам, каде што е спротивното. Сепак, научниците не се сосема сигурни зошто овој пингвин е жолт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Yves Adams (@yves_adams)

Фотографот кој го снимил кадарот на жолтиот пингвин верува дека „херојот“ на неговата слика станал жолт поради леукемија, генетска мутација во која се губи само дел од пигментот меланин.
Со него се согласува и Ди Бирсма, биолог и професор на Универзитетот во Вашингтон и објаснува дека албино пингвините целосно го губат својот пигмент, додека кај овој тој е донекаде зачуван.
Сепак, други научници размислуваат поинаку.
– Ова не е леукемија, бидејќи изгледа дека пингвинот воопшто нема меланин. Изгледа како албино пингвин, бидејќи во неговите очи, нозе и перја не изгледа како да има меланин. Сепак, само врз основа на биохемиско испитување на примероци од пердуви би можеле да кажеме за што станува збор – вели Кевин Мегру, екологист од Универзитетот во Аризона.
– Пингвинот го изгубил каротеноидот, односно жолто-портокалово-црвениот пигмент во клунот, и меланинот во перјата, додека го задржа жолтиот пигмент во пердувите. Така, генетската мутација е таква што на некои места изгубила еден пигмент, а на други не. Не знам дали некогаш сум видел слика на таква птица – вели Мегру.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Дознал дека има рак па отишол кај пријател да ја избричи главата: Неговата реакција го расплакала! Ова се нарекува пријателство

Кога дознал дека има рак, Нефтали Мартин не знаел „каде удира“ и што да прави. …