(ФОТО) Била зависник од дрога, 15. пати се предозирала, а сега со својата трансформација многумина оставила без текст:„Сакав да покажам дека се’ се може кога се сака!“

Девојка која била во пеколот на дрогата, успеала да се победи самата себе
Поранешната зависничка, која се предозирала 15. пати, успеала да се извлече од пеколот на дрогата и целосно да го промени својот живот. Таа открила како успеала, првенствено да се победи себеси, а нејзините нови фотографии ги оставија луѓето без зборови.
Од запуштена, безволна личност, која честопати била со модринки под очите, станала вистинска волшебна насмеана убавица. Девојката по име Медисон Мекманус, како и многу млади тинејџерки, тргнала на погрешен начин од љубов. Во светот на дрогата ја внело нејзиното тогашно момче, а некое време била и бездомник се’ додека не успеа да се исчисти.

Откако целосно го сменила животот, решила да се бори за старателство над својата деветгодишна ќерка, која ја добила на 18-годишна возраст. Таа била принудена да се откаже од неа, поради зависноста и затоа што честопати влегувала во проблеми со законот, а по 20. години, семејството е конечно со неа. Медисон открила дека успеала да ја победи зависноста, благодарение на групата анонимни алкохоличари.

Таа сакала со сите да ја сподели својата приказна, да им објасни на луѓето дека има решение за сè во животот.
„Кога ми беше доста од сè, најдов нов начин на живот. Можно е, има помош. Фатете ја и не ја пуштајте“, рекла Медисон, која открила дека започнала да се одвикнува од 15 години, откривајќи дека во сето тоа најмногу се повредила себе, а потоа и семејството.

Фото: VERNON COUNTY POLICE

„Досега, тоа беше најдолгиот период во кој не користев дрога“, признала Медисон и додала дека шест години живеела на улица и дека почнала да се одвикнува само кога била уапсена.


„Го напуштив училиштето, ја дадов ќерка ми на згрижувачко семејство, едноставно не можев да престанам да земам дрога. Во тој момент немав семејство, пријатели, никој друг. Јас бев сама. Бев болна шест години, болеста ме држеше во заробеништво. Многу се срамав и жалев што ја изгубив ќерка ми, семејството и себе“, објаснила таа.

Фото: Принтскрин/Facebook/Madison McManus

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО – ВО ЖИВО) Погреб на принцот Филип: Службата започна – на испраќањето само најблиските – братучед ги дели Хари и Вилијам

Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, кој почина минатата недела …