Филипче:„Измените на ЗЗО ќе овозможи граѓаните брзо и ефикасно да добијат терапија во секое време, а државата да заштеди пари“

Со измените на Законот за здравствено осигурување (ЗЗО) освен што ќе се воспостави систем на дупла контрола на издадени лекови, исто ќе има и онлајн комуникација меѓу оној што ги издава лековите и оној што ги плаќа, ова го образложи министерот за здравство д-р Венко Филипче, на собраниската комисија за здравство каде на дневен ред беа измани на законот. Процесот се одвиваше во повеќе фази, а започна со проширување на квотите за лекови, со што се надмина проблемот со недостатокот на лекови, за пациентите,кажа министерот, пред пратениците во Комисијата. Оваа Влада со воведување на електронскиот рецепт, овозможи брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време, објасни Филипче.
-Електронскиот рецепт се воведe сега за време на кризата кога практично се олесни патот на пациентите да стигнат до посакуваниот лек и сето тоа како надополнување на еден процес којшто започна претходно во смисла на олеснет пристап до лекови,а тоа беше укинување на квотите во аптеките. Знаете дека имаше ограничување на бројот на лекови кои на пацинетите им беа достапни, а беа на терет на Фондот, оваа Влада го смени тоа и сега без никакви ограничувања сите пациенти во било кој дел од денот имаат пристап до лекови во аптеките. Нема гужви, нема турканици, нема чекање во првите неколку денови го нема тој страв и паника кај пацинетите посебно оние заболени од хронични болести во текот на месецот дека лекот којшто им треба ќе го нема, како што тоа беше порано – рече Филипче.
Со следниот чекор, односно со уредбата со законска сила веќе е елиминирана и потребата за хартиниот рецепт односно, сега преку порталот може да се најави пациентот во аптеката и без хартиен рецепт да го подигне посакуваниот лек.
-Она што сега се предлага е вистински финансиски документ кој е потребен на Фондот од страна на аптеките за да стигне во форма на фактура и практично да имаат финансиски документ директно од тие коишто ги издаваат лековите, затоа што треба да го платат трошокот на ФЗО РСМ за лекови кој во текот на годината изнесува близу 50 милиони евра и е еден сериозне торшок. Фондот после детални дискусии и анализи на ситемот, после повеќе состаноци на тамошниот Управен одбор, анализи како системот на контрола на лекови треба да се унапреди, за што веќе беше и развиен софтвер којшто е во функција, сега ќе се воспостави директна комуникација, која ќе се одвива помеѓу системот Мој Термин, помеѓу тие кои што ќе ги издаваат лековите и оние кои што треба да ги платат лековите – објасни Филипче.
Оваа директна релација освен во делот на финансиското работење, ќе биде и уште еден механизма за дупла контрола на издадените лекови.

-Овој процес што го започнавме се одвива во континуитет. Со ревидирање на позитивната листа, која не е ревидирана повеќе од 10 години, планираме унапредување и модернизирање на истата. Има многу нови лекови достапни на пазарот и сето тоа бара една детална анализа, врз основа на достапност на лековите, врз основа на препораките на стручните здруженија за тоа каква терапија се користи за одредени ситуации. Тоа е еден сериозен систем во однос на зајакнување во еден дел од работата на Фондот – истакна министерот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – ПОВТОРНО ЛОШ ИЗВЕШТАЈ: Денеска се регистрирани 603. нови случаи на Ковид 19 – Починати се 39 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …