Денеска се празнува Светиот великомаченик Теодор Тирон: Помолете се за здравје!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 февруари.
Светиот великомаченик Теодор Тирон
„Тирон“ значи „регрут“. Штотуку светиот Теодор беше стапил во војска, во Мармаритскиот полк, во градот Амасија, започна гонењето на христијаните под царевите Максимијан и Максимин. Со оглед дека тој не сакаше да крие дека е христијанин, го подложија на суд и го фрлија во затвор, заклучен и запечатен.

Во затворот му се јави Самиот Христос велејќи му: „Не плаши се, Теодор, Јас Сум со тебе, не земај веќе овоземна храна и пијалак, зашто ќе бидеш во другиот живот, вечниот и неминливиот, со Мене на небесата“. При ова, се јави мнозинство ангели во затворот и сиот затвор заблеска прекрасно, а затворските стражари ги видоа ангелите облечени во бело и мошне се уплашија. Потоа свети Теодор беше изведен и осуден на смрт. Го фрлија во оган и Му ја предаде својата душа на севишниот Бог. Пострада во 306 година.

Света Маријамна (Марија)

Сестра на светиот апостол Филип. Патуваше со својот брат и заедно го проповедаа Евангелието во Јерапол и по други места. После маченичката смрт на Филип, Маријамна ја продолжи својата мисионерска работа во Ликаонија, каде што и се упокои.

Преподобниот Теодосиј Бугарин и неговиот ученик Роман

Како монах свети Теодосиј се насели недалеку од градот Трново, каде што основа обител која по него ја нарекуваа Теодосиева. Значително се истакна на Соборот против богомилите во 1360 година. Штитејќи ја православната вера, тој мудро ги посрами богомилите. Својот земен живот го заврши во Цариград, во 1362 година. Неговиот ученик Роман продолжи да се подвизува во Теодосиевата обител до својата смрт.

Свети Финан, епископ Ландисфарнски
Ирец, кој се замонаши во манастирот на светиот Колумба во Јона, а се прослави со својот живот и подвиг. Кога се упокои епископот Ајдан, за негов наследник беше избран Финан. Свети Финан ги покрсти кралевите на Саксонската ептархија: Зигберт, кралот на источните Саксонци, и Пенда, кралот на Мерсија, а потоа испрати и проповедници во нивните кралства, за да ја утврдат Христовата вера и во тие земји. Се упокои во 661 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – ПРЕМНОГУ ПОЧИНАТИ: Денеска се регистрирани 627. нови случаи на Ковид 19 – 47. лицa ја загубија битката со вирусот!

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …