(ВИДЕО) „Храбро срце“ под итно бара измени на законот за донирање органи

Членовите на „Храбро срце“ со години се борат за измени на закот за донаторство…Како што е познато во Македонија веќе е извршена трансплантација на срце и други органи (бубрези) а за да овие „инцидентни“ случаи станат пракса неопходна е промена на законот за донаторство со што целата процедува ќе биде поедноставена…
15-тина пациенти со вградена пумпа како поддршка на нивното заболено срце, бараат законски измени со кои би било појасно дали граѓаните се согласуваат нивните органи, во случај на несреќа, да бидат донирани за трансплантација.
Членовите на здружението „Храбро срце“ како пример ја посочуваат Хрватска, каде што постојат донаторски картички, со изразена лична волја за донаторство. Следен предизвик во нивната битка е обезбедување услови за евентуална промена на механичкото срце во Македонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Светскиот ден на хемофилијата со регионална кампања одбележан од Рош Македонија

Пандемијата со COVID-19 донесе голем број предизвици во изминатиот период со посебно влијание врз лицата …