Долго најавуваното интервју на Меган Маркл и принцот Хари со најпопуларната водителка ќе се емитува во понеделник, пренесуваат странските медиуми.
Војводата и војвотката од Сасекс се очекува да откријат некои „прилично шокантни работи“. Објавените клипови како делови од интервјуто сугерираат дека ништо нема да биде „забранета“ тема во интервјуто.
Веста за големото интервју дојде откако парот објави дека очекуваат уште едно бебе и откако Бакингемската палата потврди дека Меган и Хари нема да се вратат како постар кралски тим.
View this post on Instagram
Во инсертите што можеме да ги видиме, принцот Хари истакнал дека чувствува олеснување затоа што има сопруга покрај себе. Војводата од Сасекс рекол дека бил загрижен дека историјата ќе се повтори, пред да одлучи да се повлече од кралското семејство, со цел да се заштити себе си и семејството од „токсичната“ средина создадена од британскиот печат.