Поранешниот француски претседател Никола Саркози е осуден за мито и злоупотреба на службената положба.
Тој ќе оди во затвор една година со две условни казни.
66-годишниот политичар, кој беше претседател од 2007. до 2012. година, беше осуден затоа што се обидел незаконски да дознае информации за правните постапки преземени против него во истрагата и неговата претседателска кампања од правен советник во 2014. година. За возврат, тој понудил помош за стекнување позиција во Монако. Против Саркози беше покрената истрага за финансирање на кампањата поради обвинувањата дека во 2007.година, за време на претседателската кампања, тој прифатил нелегални плаќања од наследникот на компанијата „Лореал“, Лилијан Бетнакур.
Аферата се дозна врз основа на прислушувањето на Саркози и неговиот адвокат Тиери Херцог, откако Саркози ја напушти Елисејската палата и поради друга афера – дека Либија ја финансирала неговата кампања.
Адвокатот на Саркози, Тиери Херцог беше осуден на три години затвор, од кои две беа условени за давање мито и кршење на професионални тајни, како и за петгодишна забрана за професионална пракса, пренесува француски „Монд“.
View this post on Instagram
Судијата на Касациониот суд Гилберт Азиберт бил осуден на иста затворска казна, за пасивна корупција и откривање на службена тајна. Во образложението на пресудата, Судот навел дека Никола Саркози го искористил својот статус на поранешен претседател на Франција и дека неговите потези ја поткопале довербата на јавноста во одлуките на Касациониот суд.
Се додава дека Обвинителството побарал четири години затвор за Саркози, сметајќи дека тој ја нарушил сликата за претседател во јавноста. За време на судењето, Саркози негирал дека сторил нешто лошо и тврди дека бил жртва на лов на вештерки од страна на канцеларијата на финансиското обвинителство.
View this post on Instagram
На суд беше наведено дека тој ќе има право да побара да ја издржува казната од дома со електронски уред за следење, на ногата.
Саркози ќе се соочи со уште еден судски процес подоцна овој месец, заедно со 13. лица, под обвинение за незаконско финансирање на неговата претседателска кампања во 2012. година.
Ова е прв пат во поновата историја на Франција на поранешниот претседател да му се суди за корупција. Жак Ширак, претходникот на Саркози, беше прогласен за виновен во 2011. година за злоупотреба на народни пари и осуден на условна казна затвор од две години за своите постапки кога беше градоначалник на Париз.
Фото: Принтскрин/Instagram