(ФОТО) ОВОЈ ЕВРОПСКИ ОСТРОВ Е ОАЗА БЕЗ КОРОНА: Сардинија од денес се враќа во нормала

Додека во северна Италија се зголемува бројот на нови случаи на ковид 19, островот Сардинија го доби посакуваниот статус на „бела зона“, што значи дека ќе биде дозволено повторно да се седи во ресторани и кафулиња во текот на вечерта, како и повторно да се отворат спортски сали, кина и театри.
Претходно оваа година, италијанската влада додаде статус на „бела зона“ во својот систем на ограничувања по боите за деловните субјекти и училиштата, а ознаката „црвена зона“ имплицираше најстроги мерки.

Почнувајќи од денес, регионот на Сардинија, со инциденца од помалку од 50 случаи на 100.000 жители, ќе може да дозволи најголема слобода бидејќи вториот бран на коронавирусните инфекции минатата есен ја натера владата да ги заостри ограничувањата низ целата земја откако ги олесни во текот на летото.

Извештајот на Министерството за здравство што ја покрива третата недела од февруари покажува дека инциденцата во целата земја е 145 случаи на 100.000 жители, а во неколку региони ситуацијата е многу полоша.
Медитеранскиот остров Сардинија е популарна дестинација за одмор.

Минатото лето, навалиците во дискотеки и клубови беа наведени како главна причина за експлозијата на случаи во Италија во последните месеци од 2020. година.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО – ВО ЖИВО) Погреб на принцот Филип: Службата започна – на испраќањето само најблиските – братучед ги дели Хари и Вилијам

Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, кој почина минатата недела …