(ФОТО) Меган Маркл и принцот Хари го направиле интервјуто со Опра Винфри: Војвотката во сиот свој труднички сјај!

Веќе со недели се говори за интервјуто на одбегнатите членови на кралското семејство – Меган Маркле и принцот Хари – и најпознатата тв водителка Опра Винфи. Особено затоа што беше најавено дека ништо нема да изостават и дека конечно „ќе ги отворат“ картите и’ за нивното заминување од најпознатото кралско семејство како и’ за причините кои довеле до тоа.
Иако, принцот Хари беше кај популарниот Џејмс Корден, каде пиејќи традиционален англиски чај, и слатки и сендвичи се возеа низ Лос Анџелес, и разговараа на многу теми, се чини дека правата вистина за проблемите и ставовите ќе ги откријат токму во интервјуто со Опра Винфри.

Популарната Винфри го посетила парот во нивниот дом во Монтесито, Лос Анџелес, а Меган Маркл на својот профил на Инстаграм објави фотографии и видео.
Во најавата за интервјуто се наведува дека нема да има тема која нема да биде допрена.

Добро се гледа дека војвотката е во поодмината бременост, која не ја крие.

Инаку, интервјуто ќе биде емитувано на 7. март.

Фото: Принтскрин/Instagram

Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Факторот на ризик за потешкиот облик на ковид кој сите го забораваме

Физичката неактивност е поврзана со потешка форма на ковид 19 и зголемен ризик од смрт …