(ФОТО) ГОДИНИТЕ СЕ САМО БРОЈ – Џеј Ло повторно „го запалила“ Инстаграм: Во мини боди „ги исфрлила“ задникот и градите!

Џенифер многу внимава на својот изглед. Таа редовно и напорно тренира за секогаш да биде во топ форма. Многу нејзини обожаватели се согласуваат дека на нејзиниот изглед може да и позавидат на пола помлади девојки
Многумина се согласуваат дека актерката и пејачка Џенифер Лопез (51) е една од оние жени за кои годините се само бројка. И покрај тоа што има над педесет години, латино дивата и понатаму „жари и пали“ на сцената и ги радува своите обожаватели со провокативни фотографии.
Така, таа со своите повеќе од 144 милиони следбеници на Инстаграм сподели фотографија на која позира во бело боди. Таа ги истакна бујното деколте и позадината, а коментарите само доаѓаа.
„Генијална си и убава. Сакам да изгледам како тебе, твоето тело е топ“, и рекле нејзините придружници. За само половина час, латино дивата собрала повеќе од милион ‘лајкови’.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Таа снимила своја фотографија без никаква шминка и ја крена косата во пунџа на врвот на главата. Таа гордо го покажала своето тренирано тело и мускули.
Џенифер многу внимава на својот изглед. Таа тренира редовно и напорно за секогаш да биде во топ форма. Но, некои нејзини обожаватели неодамна ја нападнаа дека користи ботокс. Лопез одговори дека тоа не е точно.
„Тоа е само моето лице. По милионити пат, велам, никогаш не сум била на ботокс или на каква било операција“, им рекла тогаш Џенифер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Подоцна, во интервју за списанието „People“, таа рекла дека не се противи на естетските процедури, но дека не сака луѓето да ја нарекуваат лажга.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) На концертот на Адел во Лас Вегас ќе можат да дојдат само луѓе кои се вакцинирани и имаат негативен тест

Обожавателите кои сакаат да присуствуваат на концертот на пејачката Адел во Лас Вегас мора да …