ОВИЕ 5 НАМИРНИЦИ ПРУЖААТ НАЈМНОГУ ЕНЕРГИЈА: Помоќни од филџан кафе!

Луѓето кои страдаат од замор и поспаност често посегнуваат по кафе наутро како инстант решение. Сепак, треба да се има предвид дека ова не е единствената опција и токму во денешниот текст ќе се занимаваме со оваа тема.
Постојат многу причини за недостаток на енергија, но често се јавува поради нездрав начин на живот. Претерувањето никогаш не е паметно, особено ако зборуваме за слатки, грицки, пица, колачи, преработена храна и сосови. Премногу зачинети јадења не се корисни, бидејќи доведуваат до физички и ментален замор. Од друга страна, едноставните шеќери доведуваат до флуктуации на нивото на шеќер во крвта и ненадејни промени во расположението. Веројатно се прашувате што може да се направи во врска со тоа, но ние, како и секогаш, го имаме одговорот. Откријте која храна е само плус во секојдневното функционирање

Банана


Ова овошје е одличен избор на ужина пред или после тренинг, бидејќи е богата со шеќери кои брзо се распаѓаат, а не треба да заборавиме на магнезиумот и калиумот, кои ги хранат и мускулите и мозокот и ефикасно се справуваат со заморот.

Спанаќ


Оваа храна е богата со минерали, кои се исто така важни за работата на нервниот систем. Железото го издвојуваме како одличен сојузник во одржувањето на физичката и менталната сила. Се предлага да се додаде малку сок од лимон во текот на подготовката, поради витамин Ц. Витамините од групата Б веќе се во неговиот состав, што е одлично за метаболизмот и виталноста.

Јајца


Во случај да не сте знаеле, јајцата содржат триптофан и тирозин, што значи дека нивниот внес го регулира лачењето на серотонин, односно допамин. На тој начин, стануваме поживи и помотивирани. Исто така постои и селен, благодарение на што е полесно да се надмине летаргијата и заморот.

Црно чоколадо


Најдобро е да консумирате она кое содржи повеќе од 70% какао, бидејќи го зголемува расположението и нивото на енергија. Црното чоколадо исто така содржи кофеин и теобромин, алкалоиди кои само го зголемуваат овој ефект.

Лосос


Познато е дека оваа риба е извор на есенцијални масни киселини, пред се Омега 3, кои го регулираат нивото на серотонин. Витаминот Д го поддржува производството на мелатонин, кој ни помага да спиеме подобро и на тој начин да бидеме одморени.

Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Светскиот ден на хемофилијата со регионална кампања одбележан од Рош Македонија

Пандемијата со COVID-19 донесе голем број предизвици во изминатиот период со посебно влијание врз лицата …