ОБЈАВЕН КОНКУРС ЗА 19-тиот МЕГУНАРОДЕН СТРИП – ВЕЛЕС 2021

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го објави, традиционалниот, 19 ти  по ред МЕГУНАРОДЕН КОНКУРС ЗА СТРИП

Според пропозициите:
-Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста;

-Должината на стрипот да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат, (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една страна треба да биде со најмалку 5 сликички
НАПОМЕНА :Доколку стрипот е во боја , препорачливо е истиот да се испрати преку пошта или достави лично.

-Стриповите нема да бидат вратени, .Со самото испраќање организаторот се стекнува со право да ги објавува и презентира заедно со авторите во склоп на промоција на своите активности.

-Tемата на стрипот е слободна.Секој автор (билo цртач, туш ,колор ) може да учествува со само еден стрип; Исклучок има за сценаристите каде се дозволува да едно лице направи сценарио за повеќе стрипови.
-Учесниците коишто се во основно образование треба да се насочат кон своите основни училишта заради раширување на информацијата, организирано пријавување како и избор на тема за цртање.
-На еден стрип можат да работат повеке автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…)
-Заедно со стрипот да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, дата на раѓање адреса, и држава од каде е авторот ,е маил како и година кога е стрипот нацртан..Исто така на сите стрипови треба бидат наведени авторите како и називот на стрипот .Пристигнатите стрипови, без овие информации, нема да бидат земени во предвид за награди.
-Стриповите од македонски автори треба да бидат на македонски јазик и кирилско писмо.
-Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за излагање во склоп на
изложбата во склоп на Салонот на стрип со реална можност за друг вид на промоција
-Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена интернационална комисија којашто ќе направи избор и ќе ги предложи следните награди:

• Прва награда, 200 ЕУ* ”Златен стрип ”, и диплома за прво место.
• Втора награда, диплома за второ место.
• Трета награда, диплома за трето место.
• Награда за најдобро сценарио, диплома.
• Награда за најдобар млад автор до 18 години, диплома.
• Други специјални награди
Рокот за испракање е до 20-ти септември  2021 година.
Тие може да се испратат на
a) Адреса: Стрип Центар на Македонија – Велес (за конкурсот)
Ул. Васил Горгов, бр.78 ,1400 Велес ,Република Македонија
б) Или преку Е-маил:stripkonkurs@gmail.com
За повеќе информации може да се јавите на телефон 0 75374155

Изјава на Томе Трајков-програм координатор на Македонскиот стрип центар:

…„ Секако дека има место за оптимизам за македонскиот стрип , само еден пример е  масовното учество на млади македонски автори на интернационалниот стрип конкурс организиран од наша страна(повеќе од половината беа токму нивни стрипови) Создаваме стрип јадра и во уметнички училишта и академии.  Создаден е процес и нема запирање.На стрип авторите може само да им порачам -помалку зборење повеќе работа.

Што се однесува до Стрип центарот , свесни сме дека нашиот континуитет не стави  најблиску до улогата на ЧАДОР организација на македонскиот стрип . Задоволни сме од поддршката што македонскиот стрип ја има во овогодинешната Годишна програма за култура 2021 ,посебно од висината на буџетите на стрип проектите ,која не се разликува многу од бараната сума .

Одговорноста е превземена ,следи реализација на планираното!….

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Македонскиот стрип дел од проектот „CAN FOR BALKANS“

Стрип центарот на Македонија-Велес започна со локалната имплементацијата на мегународниот проектот CAN(Comic alliance Networking)  FOR …