Доделени Златните глобуси; Ова се најдобрите филмови и серии за 2020. година

Драмата „Земја на номадите“ и сатирата „Борат 2“ освоија награди за најдобри филмови на Златните глобуси.

Овој пат, тоа беше претежно виртуелна церемонија, паралелно одржана во Лос Анџелес и Њујорк, и беше обележана со пандемски услови и повици за поголема разновидност, пренесува Гласот на Америка.
Режисерката родена во Кина, Клои Џао ја доби наградата за најдобар режисер за филмот „Земја на номадите“ – драма за сопствениците на мото-домови во Америка погодени од рецесијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by City Magazine (@citymagazine_rs)

Џао е втора жена и прва режисерка со азиско потекло што освои Златен глобус во таа категорија.
Авторот на „Борат 2“, Саша Барон Коен е прогласен за најдобар актер во категоријата комедија, додека Андра Деј ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на пејачката Били Холидеј во „Соединетите држави наспроти Били Холидеј“.
Британската драма за кралското семејство „Круна“, комедијата „”Schitt’s Creek“ и ТВ серијата за шахот „Дамин гамбит“ ги освоија главните награди во телевизиските категории.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by bocadillotv (@bocadillotv)

Саша Барон Коен е добитник на наградата за најдобра улога во комедија.

Победници беа и Ема Корин, која ја глуми младата принцеза Дајана, Џош О Конор, кој го играше принцот Чарлс и Џилијан Андерсон, која ја играше Маргарет Тачер во серијата на Нетфликс за британското кралско семејство.
Драмата „Менк“ на Нетфикс, приказната за сценаристот на филмот „Граѓанинот Кејн“, ја започна вечерта со шест номинации, но не освои ниту една од наградите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolay Mochkin (@ellejart)

Sвездата на „Црниот пантер“, Чадвик Боузман, за кого не се знаеше дека боледува од рак и чија смрт на 44 години ги шокираше неговите обожаватели, постхумно беше награден за најдобар актер за неговата последна улога во џез драмата „Црниот задник на Ма Реини“.
Британските актери Даниел Калуја и Џон Боега и анимираниот филм „Соул“ беа меѓу победниците избрани од членовите на Холивудската асоцијација на странски новинари (HFPA), која беше критикувана дека меѓу нејзините 87. члена нема темномурни членови со афроамериканско потекло.
Членовите на HFPA се појавија на церемонијата во неделата и ветија дека тоа ќе го поправат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by bocadillotv (@bocadillotv)

Џејн Фонда, седумкратна добитничка на Златен глобус, ја доби наградата за животно дело „Сесил Б.Демил“, додека Норман Лир доби награда именувана по легендарната Керол Бурнет за долгата телевизиска кариера. Јужнокорејскиот „Минари“ е избран за најдобар странски филм.

Фото: Принтскрин/Instagram 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) 7. неверојатни жени постари од 50. години кои ќе ве инспирираат да работите на себе

Одржување на добра физичка форма е исклучително тешко, особено по одредена возраст. Но, за некои …