ГИ ОПОРАВУВА КОЖАТА И КОСАТА, ГИ УБЛАЖУВА ТРАГИТЕ ОД СТАРЕЕЊЕ: Шишенце од ова масло треба да има секоја жена!

Ова масло е неправедно занемарено, а има феноменален ефект врз кожата и косата…
Ладно цедено масло од авокадо содржи висока концентрација на витамин Е, што е многу важно за одржување на здравјето на кожата.
Директната примена на масло на кожата ја намалува појавата на старечки дамки, брчки и други знаци на стареење, покажало истражувањето.
Најважните состојки за здравјето на луѓето во ова масло се лецитин и стеролин. Лецитинот формира заштитен слој на површината на кожата и фоликулите на косата, додека стеролинот ги хидрира и омекнува.

Зошто е маслото од авокадо добро за косата?
Маслото од авокадо ја има моќта да ја поправи оштетената коса и да го врати изгубениот сјај. Исто така, може да го промовира растот на косата, како и да го намали опаѓањето на косата.

Како влијае ова масло на кожата на лицето?
Пред сè, треба да се напомене дека маслото од авокадо е генерално добро за кожата и го забрзува заздравувањето на раните. Некои студии покажуваат дека за пациенти со сува кожа, особено оние кои страдаат од псоријаза, ова масло помага да се отстранат симптомите на затегнатост и трнење.

Затоа, маслото од авокадо првенствено и годи на сувата кожа, бидејќи и дава леснотија и ја хидрира, без да остави мрсна трага, кожата брзо ја апсорбира.
Она што е особено важно денес во нега на кожата е ублажување или отстранување на брчки. Длабоката хидратација придонесува за поголема еластичност на кожата, подобра исхрана и влага, како резултат на присуството на бета каротен, протеини, лецитин, витамините А, Д и Е, и со самото тоа, помала можност за појава на брчки, бидејќи го стимулира метаболизмот на колагенот.

Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Светскиот ден на хемофилијата со регионална кампања одбележан од Рош Македонија

Пандемијата со COVID-19 донесе голем број предизвици во изминатиот период со посебно влијание врз лицата …