Астролог открива на што паѓаат хороскопските знаци: Овенот сака храбри жени, Бикот ќе го освоите со храна а Рибите со романса!

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Астролозите откриваат докажани тактики на заведување…
Секој знак на Зодијакот има своја тактика на заведување, но и начинот на кој сака да биде освоен. Ви откриваме како да ги освоите хороскопските знаци за цел живот.

Овен
Ако сакате да се поврзете со Овен, мора да бидете храбри. Пријдете му, бидете искрени, кажете му што ви паѓа на ум. Но, тоа не значи дека треба целосно да ги искажете своите чувства. Играјте игри на топло-ладно. Овенот е ловец и ќе биде заинтригиран од вашата недостапност и нескротливост.
Мажот од овој знак обожава храбри жени. Погледнете го директно во очи, приближете му се, шепнете убав збор во увото и потоа одете.
На жената Овен поставете и прашања за тоа што сака, испровоцирајте ја да зборува за себе, бидете љубопитни, почестете ја со пијалок и пред да заминете, оставете и број од мобилен телефон.

Бик
Имајте на ум дека наидовте на личност на која материјалната безбедност и значи повеќе од љубовта.
Тој ќе помисли дека ве запознал само кога ќе го преиспита вашиот став кон парите, колку заработувате и во каков стан живеете. Бикот ги презира предаторите. Треба да бидете трпеливи, да му покажете дека го сакате и оставете го да го направи првиот чекор.
Мажот Бик сака сензуални и женствени жени. Заведете го суптилно, без да му ги откриете вашите вистински намери. Држете го на тивок оган додека не се запали.
Поканете ја жената Бик на вечера која ќе и ја зготвите, во нејзино присуство! Испратете и букет црвени рози или фина кутија со чоколадо на нејзината домашна адреса.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Дознал дека има рак па отишол кај пријател да ја избричи главата: Неговата реакција го расплакала! Ова се нарекува пријателство

Кога дознал дека има рак, Нефтали Мартин не знаел „каде удира“ и што да прави. …