(ФОТО) ДРАМА НА ШПАНСКИОТ ТЕНИСЕР! Надал сериозно го мачи МИСТЕРИОЗНА БОЛЕСТ: Се’ потешко се движи и трпи СТРАШНИ БОЛКИ!

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал со години страда од исклучително ретката Милер-Вајсова болест која ги напаѓа коските на стапалата и предизвикува силна болка при движење.

Уште во 2005 година, Надал дознал дека страда од Милер-Вајсова болест. Лекарите го утврдиле тоа кога претрпел незгодна повреда на стапалото пред повеќе од 15. години.
„Оваа болест е тешко да се открие во рана фаза. Лекарите се сигурни дека е тоа само кога е напредната. Болката се појавува во средината и задниот дел на стапалото, овие делови отекуваат, а болката потоа се пренесува нагоре, преку глуждот. Додека пациентот оди или трча, ситуацијата се влошува“, откриваат лекарите за шпанските медиуми.

Ако оваа мистериозна болест не се сфати сериозно, може да се појават сериозни последици. Како што ситуацијата се влошува, коските на стапалото се кршат, што бара долго закрепнување.
За ублажување на болката, луѓето кои страдаат од оваа болест користат чевли со специјални влошки прилагодени на коските на стапалата, односно на нивната природна положба.

Надал има проблеми со стапалата уште од раното детство, а професионалното бавење со спорт и напорниот тренинг влијаеле болката да се прошири и на другите делови од телото. Очигледно, неговите проблеми со коленото се само последица на оваа болест.
Надал се пожали на силни болки во грбот во Мелбурн, а тој, поради повреда, веќе откажа два турнири на кои требаше да учествува.
Колку е постар Шпанецот, толку повеќе проблеми ќе има со оваа болест, бидејќи нејзините симптоми најмногу се манифестираат во подоцнежниот живот. Неговото движење на теренот ќе биде побавно и потешко како што одминува времето.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Светскиот ден на хемофилијата со регионална кампања одбележан од Рош Македонија

Пандемијата со COVID-19 донесе голем број предизвици во изминатиот период со посебно влијание врз лицата …