Стручњаците зборуваат за уште еден скриен симптом на ковид: Почест е кај жените!

Се’ повеќе се зборува за новиот симптом на ковид, но лекарите предупредуваат дека пред сомневање за корона вирус, треба да се исклучи поопасна причина – срцев удар или нешто поштетно – воспаление на рскавицата.

Некои истражувања велат дека еден од скриените симптоми на ковид 19 е костохондритис.
Д-р Ентони Фаучи неодамна зборуваше за синдромите со кои луѓето се соочуваат во текот и после прележан ковид. Еден од многуте симптоми што ги спомна е костохондритис, но исто така и миокардитис.
„Тоа се’ повеќе се забележува кај пациенти со ковид, кои биле во исклучително сериозна состојба“, изјавил за DAIC Tod Hurst, кардиолог од Универзитетот „Банер“.

Што е костохондритис?
Костохондритис е воспаление на ‘рскавицата што ги поврзува ребрата со градната коска. Тоа е воспалителен процес кој обично погодува неколку ребра, обично од иста страна со градната коска. Тоа е состојба која може да биде прилично болна, поради што пациентот се консултира со лекар, објасни за ХРТ проф. Злата Ожвачиќ Аџиќ, специјалист за семејна медицина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Светскиот ден на хемофилијата со регионална кампања одбележан од Рош Македонија

Пандемијата со COVID-19 донесе голем број предизвици во изминатиот период со посебно влијание врз лицата …