Совладајте го прикриениот стрес – ТОЈ Е БРОЈ ЕДЕН ПРИЧИНА ЗА БОЛЕСТИ НА СРЦЕТО, ДЕПРЕСИЈА И ДЕБЕЛИНА: 5. навики кои прикриено предивикуваат стрес и како да се ослободите од нив!

Подигнете два прста ако се чувствувате целосно исцрпено по работниот ден. Додека се обидувате да ги завршите сите обврски, честопати не знаејќи како да кажете „не“ на разни вознемирувања, вашата енергија паѓа на минимум.
Сигурно е дека сите ние се стремиме кон порелаксиран и помирен начин на живот, ослободен од стрес. Иако стресот не е нужно лош, бидејќи може да ве натера да се движите во кратки налети, хроничниот стрес може да остави сериозни последици. Зголемен ризик од дебелина, срцеви заболувања и депресија се некои од нив.
Сепак, многумина не знаат како да направат рамнотежа и од каде да започнат. Токму поради тоа правиме осврт на 5 чести навики , кои предизвикуваат непотребен стрес со совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од него:

Правите густ распоред
Проблем: Дали ви се случило да испланирате милион работи во текот на денот, не оставајќи простор за грешки, но по правило нешто секогаш оди наопаку? Вашиот превоз доцнеше, мораше да имате непланиран долг телефонски разговор, свративте во маркетот, но редот на касата беше огромен…
Решение: Започнете да оставате временски резерви во вашиот распоред. Ќе бидете изненадени колку 5-10 минути можат да ви го променат денот. Вие не би имале чувство дека постојано доцните, но би се чувствувале задоволни, успешни и мноооогу поопуштени.

Одолговлекувате
Проблем: Кога нешто не ви се работи, станува вистинска агонија да се присилите да започнете, а цело време пред да немате повеќе простор за одложување, тоа се претвора во жалење за она што не ви се работи.
Решение: Обидете се да ја поделите „страшната“ задача на помали делови. Размислете за сите чекори што ги вклучува оваа „огромна“ задача, а потоа започнете со првата, најлесната и најбрзата. Секој преземен чекор ќе ви даде чувство на достигнување, продуктивност и мотивација полесно и многу побрзо да ја достигнете целта.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО – ВО ЖИВО) Погреб на принцот Филип: Службата започна – на испраќањето само најблиските – братучед ги дели Хари и Вилијам

Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, кој почина минатата недела …