Мајка на шест деца родила дете на својот брат и неговиот партнер

Несебична сестра решила да му помогне на својот брат да ги исполни своите соништа и да стане татко. Имено, 42-годишната Трејси Хулс, која и самата има шест деца, одлучила да биде сурогат мајка на нејзиниот помлад брат Ентони Диган и неговиот партнер Реј Вилијамс.
Двајцата изгубиле скоро една година во потрага по жена која ќе им помогне да ги реализираат своите соништа за родителство, па со ентузијазам ја прифатиле оваа необична понуда.
„После една година тие сè уште не најдоа сурогат мајка, па решив да им помогнам. Јас веќе им се понудив двапати, но само се смеевме. Трет пат им реков дека сериозно би сакала да го носам нивното бебе“, рекла Трејси, која уште порано разговарала за тоа со нејзиниот сопруг. Мислел дека можеби е престара за друга бременост, но таа не се чувствувала така.
Двојката земала заем од 36.000 фунти за да финансира три круга од постапката на ИВФ, и двајцата донирале сперма, користејќи јајна клетка на двајца анонимни донатори. Всушност, тие дури и не знаат кои се биолошките татко и мајка на нивното дете.
По два неуспешни круга на ин витро оплодување, тоа успеало по трет пат.
„Ние ја донесовме секоја одлука заедно и секоја беше донесена од вистинските причини. Реј и јас секогаш ја чувавме Трејси прва затоа што таа го жртвуваше своето тело за нас. Ние би прифатиле дека по две неуспешни процедури за вештачко оплодување таа да одлучеше да каже дека не сака повеќе да се обидуваме“, раскажал Ентони.
Трејси родила момче, со царски рез, на 12. октомври минатата година, а Ентони вели дека односите со неговата сестра се посилни од кога и да било порано затоа што му го дала најголем дар во животот, пишува Daily Mail.

Фото:Facebook/Anthony Deegan

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОЛКУ ОРЕВИ, А КОЛКУ ДРУГИ ЈАТКИ ТРЕБА ДА ЈАДЕМЕ ДНЕВНО: За максимална корист!

Јатките се важен дел од здравата исхрана, заедно со свеж зеленчук и овошје. Ниту една …