Длабоко доживуваат туѓо СТРАДАЊЕ, плачат и поради тажни филмови: Овој знак не мисли со главата туку со СРЦЕТО!

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Тие низ животот чекорат со многу емоции и се разликуваат од другите знаци.
Тие се создадени да плачат од романтичен филм, трогателна сцена, куче оставено на улица … Тие доживуваат емоции подлабоки од другите знаци, но тоа не значи дека се слаби луѓе. Кога е потребно, тие покажуваат животна сила со која малку знаци на Зодијакот можат да се пофалат.

Претпоставувате, тоа се Рибите. Знак чија основна карактеристика е чувствителноста и емпатијата. Овој воден знак е многу интуитивен, тие лесно ја чувствуваат туѓата енергија и можат да читаат меѓу редовите. Страдањата на другите луѓе влијаат на нив како на нивните сопствени и затоа се обидуваат да ја променат ситуацијата на подобро од секој поглед.
Луѓето родени во знакот Риби се често мистериозни, склони кон духовност, честопати се свртени и кон окултизмот и се големи сонувачи. Всушност, може да се каже дека тие не размислуваат со глава, туку со срце.
Тие тешко се справуваат со суровата реалност и имаат потреба да ги поправат сите неправди во светот. И кога имаат малку, тие се подготвени да споделат со оние на кои им е потребно. Тие исто така сочувствуваат со животните и растенијата.
Тие со задоволство реагираат на хуманитарни акции, затоа што им го олеснуваат животот на другите, како и на самите себе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Дознал дека има рак па отишол кај пријател да ја избричи главата: Неговата реакција го расплакала! Ова се нарекува пријателство

Кога дознал дека има рак, Нефтали Мартин не знаел „каде удира“ и што да прави. …