(Вознемирувачко видео) СО ГОЛИ РАЦЕ УБИЛ ЛЕОПАРД: Ѕверот му ги нападнал сопругата и детето – го направил невозможното за да ги заштити!

Индиецот Раџагопал Наик, по кратка борба, го убил леопардот што го нападнал.
Сè се случило во областа Хасан, кога со мотор се враќал дома со сопругата и детето.
Животното скокнало од грмушките и ги нападнало.
Леопардот започнал да ја гризе ногата на детето, а потоа се обидел да ја нападне и жената. Раџагопал го фатил ѕверот за грло и почна да го удира со лактот во главата. Леопардот се борел, но Индиецот не се предавал се’ додека конечно не го победил.

Животното се угушило, а Раџагопал минал со повреди на главата.
После се, локалното население се приближило до семејството и не можело да верува во она што го виделе.
Властите во областа издале предупредување дека дивите мачки напаѓаат добиток и дека треба да се биде претпазлив.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Дејан Георгиевски доживеа велелепен дочек во Скопје!“Благодариме Македонијо!“

Македонија дишеше во ритамот на Дејан на олимписките игри…Секоја борба се очекуваше и доживуваше со …