(ВИДЕО) Вистински неделен десерт: Малку поинаков куглоф со фил!

Денес подготвуваме куглоф што можете да го послужите со кафе, со соседите и пријателите, или со сок како завршување на неделниот семеен оброк.
Потребно е:
4 јајца
100 гр шеќер
100 гр мелени ореви
200 гр брашно
1 прашок за пециво
100 мл јогурт
2 лажици какао
100 гр суво грозје


Плус:
2 пудинзи од ванила или слатка павлака
100 гр бело чоколадо
2 лажици масло
Подготовка:
Изматете јајцата со шеќерот, додадете брашно и прашок за пециво, ореви, јогурт, масло, суво грозје и какао и сè добро измешајте.
Подмачкајте го калапот за куглоф со масло и посипете со брашно па истурете ја смесата, израмнете. Печете на 190 степени Ц околу 60 минути. Покријте со крпа, и кога ќе се одмори и олади, протресете го на чинија и пресечете на два пати, да добиете три дела.
Сварете го пудингот според упатствата, и додека е врел, премачкајте ги деловите каде што се исечени и преклопете ги. Растопете го чоколадото со маслото на тивок оган, а потоа прелијте го куглофот.



Украсете со желе бонбони по желба. Откако колачот ќе се излади исечете и послужете. Врвно задоволство еднакво на торта. Уживајте!


Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Инклузивна анимација” како алатка за инклузија на деца со попреченост

Од 7-ми до 20-ти октомври  со поддршка на Делегација на ЕУ во Скопје и во …