Веднаш почнало да се шушка дека има коронавирус
Со фотографијата што ја објави на Инстаграм, Аргентинецот Мауро Икарди ги загрижи сите фанови на ПСЖ. По информацијата дека нема да игра против Дижон поради проблеми со стомакот, тој сега објави фотографија, на социјалните мрежи, на која е во болнички кревет и е поврзан со кислород.
Брзо почна да се шушка дека е заразен со коронавирус, но според француските медиуми станува збор за еден вид терапија за справување со акумулираниот замор, која ја користат и други спортисти.
А, дека сè е во ред со Икарди, во јавноста потврди и неговата сопруга Ванда, која сподели фотографија од вечерата што беше со Маура.
Икарди исто така се јави.
„За сите оние кои се заинтересирани, тоа е хипербарична комора што ја имаме во куќата и ми помага да спречам повреди и ми помага побрзо да закрепнам од натпреварите, тренинзите…, објаснил Икарди.
Фото: Instagram