(ФОТО) Гејтс се вакцинирал – Открива кога ќе престане да носи маска

Милјардерот филантроп Бил Гејтс (65) ја примил втората доза на вакцина против корона, но рекол дека иако бил вакциниран, тој и понатаму ќе ги почитува епидемиолошките мерки како што е носењето маска.
„Сакам да бидам пример за другите“, рекол Гејтс во интервју за апликацијата „Clubhouse“.
„И покрај тоа што сте вакцинирани, сепак можете да ја пренесете инфекцијата“, додал тој.
Американскиот центар за контрола на болести соопшти дека дури и оние кои биле вакцинирани против корона треба да продолжат да ги почитуваат епидемиолошките мерки. Иако и вакцините Модерна и Фајзер, кои се користат во САД, се ефикасни во спречување на тешки форми на болести и смрт од ковид-19, сè уште не е познато со сигурност дали тие целосно го спречуваат пренесувањето на инфекцијата.
„Нема да престанам да носам маска, ниту ќе престанам да внимавам, особено во близина на постари луѓе кои сè уште не се вакцинирани“, рекол Гејтс, а пренесе CNBC.

Гејтс за враќање во нормала
Многумина се прашуваат кога ќе се вратиме во нормала или барем да ги укинеме мерките како што се носење маска и физичко растојание.
„Дури на крајот на пролетта или летото можеме да размислуваме за значителна промена во однесувањето, ако бројките се добри“, рече Гејтс и додаде дека има намера да продолжи да носи заштитна маска сè додека стапката на заразените значително не падне. На крајот на краиштата, додал тој, „тоа не е страшна работа“.
Главниот американски епидемиолог, д-р Ентони Фаучи, рекол дека постои можност Американците да мора да носат маски до 2022. година и дека тоа ќе зависи од тоа како и колку брзо вирусот ќе циркулира во заедницата.

Фото: Принтскрин/Twitter/@BillGates

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Карфиолот е храна што има ПЕТ супер моќи

Оваа супер храна го заслужува вашето внимание. Ако некогаш сте во дилема што би можеле …