Санта лед, 20. пати поголема од Менхетн, се одвоила од Антарктикот

Оваа голема санта мраз сега може да се движи во која било насока
Огромна санта мраз со димензии 1.270 квадратни километри, или околу 20. пати поголема од Менхетен, се одвоила од Антарктикот, околу 10. години откако првпат била забележана пукнатина на ледената плоча „Брант“.
Ваквите одвојувања на ледените плочи се чест дел од циклусот на поларните плочи и досега нема докази дека оваа појава е под влијание на климатските промени, велат истражувачите од Британската опсерваторија.

Зимската станица е затворена
Истражувачката станица БАС Хејли, лоцирана на оваа ледена плоча, нема да биде под влијание на одвојувањето, бидејќи тие ја поместиле локацијата пред неколку години во очекување на одвојувањето.
Тим од 12. лица на оваа станица ја напушти локацијата во средината на февруари бидејќи станицата е затворена во текот на зимата кога е целосно темно и температурата е под 50. степени Целзиусови.

Следење на плочата
„Ние ја следиме ледената плоча секој ден користејќи автоматска мрежа на високопрецизни GPS инструменти кои ја опкружуваат станицата, тие мерат како ледената плоча се деформира и се движи“, рекла професорката Џејн Франсис, директор на Центарот.
Франсис изјавила дека оваа голема санта мраз сега може да се движи во било која насока.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАКА ВЕЛИ АСТРОЛОГИЈАТА: Лицата родени во овие 3. хороскопски знаци се огромни трошачи!

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …