ПРОБЛЕМИ СО СПИЕЊЕТО: 10. начини да ја победите несоницата

Дали сте од оние кои кога ќе легнат никако не можат да заспијат? Без грижа,  не сте единствените.
Проблемите со спиењето започнуваат затоа што не можеме да го исклучиме мозокот толку брзо и да престанеме да размислуваме за работата и секојдневните грижи.
„Деновиве сме преумрежени и присутни во сè, па предизвик е да постигнеме да не бидеме достапни 24. часа на ден. Пред 20. години ќе си дојдеше од работа и тоа беше тоа, а денес се враќаме дома и повторно сме на мобилни телефони, социјални мрежи, проверуваме е-пошта … Луѓето имаат чувство дека не можат да се исклучат, и многу е важно да исклучите се пред спиење“, тврди експертката Лиза Артис за „The Sun.“.
Но, тоа е полесно да се каже отколку да се направи, па Лиза го објавила својот план составен од 10. чекори:

1. Направете список
Сите сме доживеале дека штом ќе ја допреме перницата, мислите одеднаш почнуваат да се вртат во нашите глави. Едноставно, не можеме да престанеме да размислуваме за тоа што се треба да направиме следниот ден. Но, ако го составите списокот „да се стори“ пред спиење, тоа ќе ви помогне да останете смирени и да не заборавите ништо.
Би било добро покрај креветот да имате мал нотес и пенкало за да можете да запишете сè што ќе ви падне на ум.

2. Јадете сирење
Заборавете на сè што сте чуле – можете да јадете млечни производи пред спиење.
„Сирењето е добра храна бидејќи содржи калциум кој поттикнува поспаност. Млечните производи содржат триптофан, есенцијална масна киселина која е вклучена во производството на хормонот мелатонин и го регулира ритамот на спиење и будност. Сирењето е корисно за намалување на стресот, па затоа се нарекува и ‘смирувачка храна’“, тврди експертот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Светскиот ден на хемофилијата со регионална кампања одбележан од Рош Македонија

Пандемијата со COVID-19 донесе голем број предизвици во изминатиот период со посебно влијание врз лицата …