КАКО ПРЕКУ ИСХРАНАТА ДА ЈА ВРАТИТЕ ШТИТНАТА ЖЛЕЗДА ВО РАМНОТЕЖА: Кај хипо и хипертироидизам одбегнувајте ги ОВИЕ намирници!

За секој случај, пред да направите какви било промени во вашата исхрана, консултирајте се со вашиот лекар
Најчести болести на тироидната жлезда се хипотироидизмот или забрзана работа на тироидната жлезда, кога произведува премногу хормони, како и хипертироидизам или бавна работа, кога тироидната жлезда произведува премалку хормон. Во двата услови, одредена храна треба да се избегнува затоа што може да има негативно влијание врз производството на тироидни хормони.
Работата на тироидната жлезда може да се наруши од различни причини, па затоа зборуваме за состојба на забрзана работа или состојба на забавена работа на тироидната жлезда.


Симптомите на хипертироидизам или хипотироидизам може да бидат ублажени со избегнување на одредена храна, но правилниот избор на храна може да биде доста индивидуален. Затоа е добро да се консултирате со лекар пред да отстраните некои од наведените намирници подолу од исхраната.
Во случај на хипертироидизам избегнувајте:
1. Храна богата со јод, како алги, морски треви и други морски плодови кои се богати со јод. Исто така, треба да избегнувате јодизирана сол бидејќи содржи многу поголеми количини на јод.
2. Полномасно млеко, и наместо тоа, консумирајте обезмастено млеко што е полесно за варење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО – ВО ЖИВО) Погреб на принцот Филип: Службата започна – на испраќањето само најблиските – братучед ги дели Хари и Вилијам

Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, кој почина минатата недела …