Принцот Хари му дал интервју на Џејмс Корден и сега сите светски медиуми зујат за тоа.
Принцот открил зошто го напуштил кралското семејство, но зборувал и за серијата „Круна“, која во четвртата сезона ги портретираше животите на неговите родители Чарлс и Дијана.
Принцот на Корден му рекол дека нема толку голем проблем со серијата.
„Барем серијата не се преправа дека е вест. Дава груба идеја за кралскиот живот и поставувањето должности пред семејството, но не е прецизна. Јас се чувствувам многу поудобно додека ја гледам серијата ‘Круна’ отколку кога ги вестите за мојата сопругата и мене, но имам проблем со нешто што се претставува како вистинито само затоа што е во весниците“, рекол Хари.
Фото: Скриншот/