„Шехерезада“ на Н.Римски Корсаков во НОБ како концертна изведба

Информација за „Шехерезада“ – Н.Римски Корсаков (концертна изведба)

Ремек-делото на Николај Римски Корсаков „Шехерезада“ во концертна изведба на Оркестарот на Националната опера и балет, на 5 март (петок) со почеток во 20 часот, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Оркестарот на еден поинаков начин ќе ја преточи оваа безвременска бајка, преку прекрасната музика која води во светот на ориентот.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во строго ограничен број!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Македонскиот стрип дел од проектот „CAN FOR BALKANS“

Стрип центарот на Македонија-Велес започна со локалната имплементацијата на мегународниот проектот CAN(Comic alliance Networking)  FOR …