(ФОТО) Дејан Станковиќ и Ибра во прегратка:Ибрахимовиќ не замерил за навредите на Маракана!

Црвена ѕвезда херојски играла на реваншот од првото коло во нокаут фазата во Лигата на Европа против Милан, но на крајот не отишла понатаму.
Избраниците на Дејан Станковиќ ремизираа 1:1 на „Сан Сиро“, а тренерот на српскиот шампион го исполнил ветувањето по натпреварот.
Во интервју за италијанските медиуми пред овој натпревар, тој открил дека по првиот натпревар отишол во соблекувалната на Милан и дека таму го прегрнал Златан Ибрахимовиќ!
Пријателството меѓу двата фудбалски аса датира од времето кога тие играа заедно за Интер, а она што тренерот на Звезда го ветл пред натпреварот, го исполнил по дуелот. Сепак, не во соблекувалната, туку во прес-зоната.
Додека ги чекале изјавите на играчите, Дејан Станковиќ и Златан Ибрахимовиќ срдечно се поздравиле, се прегрнале и размениле неколку зборови. Станковиќ тогаш го кажал она што го повторил неколку пати:

„Тој ми е како брат!“

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ДЕБАР МААЛО ДОБИ СПОРТСКО И ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски …