СРЦЕТО НА ИЗДРЖАЛО – Починал Алфредо Кинтана

Порто потврдил дека познатиот голман Алфредо Квинтана починал.
Португалскиот голман Алфредо Квинтана претрпел срцев удар на тренинг претходно оваа недела.
Лекарите се бореле да го реанимираат, а потоа тој бил пренесен во болница и ставен во индуцирана кома.
За жал, во петокот добивме лоши вести. Алфредо Квинтана починал.

„Се надевавме дека никогаш нема да ја споделиме оваа порака: нашиот драг Алфредо Квинтана не напушти денес. Ќе останете засекогаш запаметен како еден од нас. Вистински змеј. Почивај во мир, вечен Квинтана”, напишале на официјалниот профил на Порто.



 

Алфредо Квинтана е роден во Куба, а од 2014 година е репрезентативец на Португалија.
Иако е роден во Хавана, целата своја сениорска кариера ја помина во сино-белиот дрес на Порто.

Квинтана зад себе остави сопруга и двегодишна ќерка.

 

Фото: Принтскрин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Ферстапен незапирлив до пол позицијата на „Каталуња“

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Шпанското ГП, седмата трка во …