Изложба на Александра Кокотовиќ во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“

ART AS A CATALYST FOR SOCIAL CHANGE е тематската изложба од Александра Кокотовиќ, визуелна уметница од Србија, што ќе биде поставена од  петок ( 26.02.2021) во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“.

Кокотовиќ освен како визуелна уметница се изразува и преку сликарството, вајарството, цртежот и графиката.

Пред љубителите на уметноста во Прилеп се претставува со дела работени во различна техника.

 

Александра Кокотовиќ е член на Друштвото на ликовни уметници на Србија и Друштвото на уметници на БиХ..

Родена во Сарајево, а живеела во Бејрут, Лондон, Белград и САД. Димпломирала на Accademia del Lusso.

Во март минатата година ја претставуваше БиХ на големата интернационална изложба во Дубаи ART CONNECTS WOMEN 2020 “Each for Equal”, на која учествуваа преку 100 уметници од исто толку земји.

Досега има реализирано 24 самостојни изложби во реномирани институции, галерии, музеи… и преку 40 групни во Србија, БиХ, Полска, САД, Литванија, Албанија, Бугарија, Обединетите Арапски Емирати, Македонија…..

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Македонскиот стрип дел од проектот „CAN FOR BALKANS“

Стрип центарот на Македонија-Велес започна со локалната имплементацијата на мегународниот проектот CAN(Comic alliance Networking)  FOR …