(ВИДЕО+ФОТО) ПОСТАПИЛ КАКО СЕКОЈ ТАТКО – ПРИНЦОТ ХАРИ КОНЕЧНО ОТКРИЛ ЗОШТО ГО НАПУШТИЛ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: „Морав да го спасам семејството!“

Принцот Хари гостувал во емисијата на славниот актер и комичар Џејмс Корден, а по тој повод разговарал со него за татковството, кралското семејство, британскиот печат и неговото повлекување од должностите.
Хари и Џејмс се возеле низ Лос Анџелес со туристички автобус со отворен кров, водителот му приредил вистинска „британска чајанка“ а војводата од Сасекс зборувал и за првиот збор на неговиот син. Првиот збор на Арчи бил „крокодил“.

„Мојот син има нешто повеќе од година и пол. Тој е многу смешен. Тој има неверојатна личност“, рекол Хари за Арчи.
Кога Џејмс го прашал за причините за напуштањето на кралското семејство, Хари бил многу искрен.

„Не си заминав, само се повлеков. Тоа е многу тешка околина, како што многумина видоа. На крајот на краиштата, знаеме каков може да биде британскиот печат. Моето ментално здравје беше уништено, бев во фазон, ова е токсично. Го направив она што секој сопруг и татко би го сторил – го извлеков семејството од таму“, рекол Хари.


Тој исто така открил дека по втората средба со Меган Маркл, знаел дека таа е „вистинската“ и дека кралицата Елизабета прашала за божиќен подарок за малиот Арчи. Меган рекла дека сакаат апарат за правење на вафли.

Целиот разговор со принцот Хари можете да го погледнете во видеото:

Фото: Принтскрин/CNN/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО – ВО ЖИВО) Погреб на принцот Филип: Службата започна – на испраќањето само најблиските – братучед ги дели Хари и Вилијам

Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, кој почина минатата недела …