(ВИДЕО+ФОТО) Неоткриен рај во Грција – остров на тајни

Грција има повеќе од 3.000 острови, па затоа е идеален за оние кои бараат недопрена природа и убавина што сè уште не е преплавена од толпи туристи. А, за оние кои сакаат и доза на мистерија, бајка, возбуда – Китера, „островот на тајните“ и домот на божицата на љубовта, е веројатно најдоброто место во светот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Kythera… Get The Feeling! (@kythera.gr)


Китера (или Китира) спаѓа во групата јонски острови, иако е доста далеку од нив. Легендите велат дека самата Афродита, античка грчка божица на љубовта, ги криела своите тајни љубовници на овој остров, но туристите сè уште не ја откриле.

Китера е позната по својата недопрена природа, а утринското пливање во студената и кристално чиста вода на водопадот Фониса, кој се наоѓа во близина на селото Милопотамос, е неповторливо искуство.

Ако сакате потопла вода, постојат феноменални плажи кои лекуваат стрес.

Најпопуларна е Капсали, која нуди прекрасен поглед на тврдината во Хора. Едниот дел од плажата е песочен, другиот е со камчиња, а морето е кристално чисто.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …