(ФОТО) ПОТВРДЕНО Е – НА ВИДЕЛИНА ИЗЛЕГУВААТ „ВАЛКАНИТЕ АЛИШТА“: Хари и Меган ќе ја кажат вистината за сите тензии со остатокот од семејството!

„Постои голема напнатост меѓу нив и остатокот од семејството. Ова интервју ќе биде како светло на крајот од тунелот – ќе открие многу работи. Ним им олесни откако се откажаа од сè”, открил извор близок на парот.

Со оглед на тоа што тие сега се официјално „надвор“ од споменатото семејство, изворот посочува дека нема да се воздржат од коментари за сè што се случило. Тие покажаа во последните неколку месеци дека имаат голема желба да ја кажат вистината, кога избраа искреност пред сè. Само да се потсетиме дека Меган искрено зборуваше за својот спонтан абортус минатото лето, не молчеше дури и кога се одржаа претседателските избори во Америка, а тие неодамна јавно ја открија веста за нејзината втора бременост.

„Една од поважните теми за кои ќе зборуваат ќе биде менталното здравје, и ситуациите што ги погодија и како. Тензиите меѓу Хари и Вилијам се уште се присутни. Она што можам да го кажам е дека браќата се на сосема различни страни и патишта”, додал споменатиот извор и со тоа уште повеќе ја привлекол јавноста да се најде пред малите екрани на 7. март.

Да потсетиме, Бакингемската палата одби да го коментира интервјуто, кое ќе се емитува шест недели пред 95-от роденден на кралицата и пред прославата на 100-тиот роденден на нејзиниот сопруг, принцот Филип, на што кралицата одговори со закажување јавно обраќање до нацијата, само неколку часа пред интервјуто на Хари и Меган со Опра Винфри.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Методот на Алан Кар со помош на кој милиони луѓе престанале да пушат

„Ако ги следите моите упатства, ќе бидете среќен непушач целиот свој живот“, рекол Ален Кар, …