(ФОТО) ПОТВРДЕНО Е – НА ВИДЕЛИНА ИЗЛЕГУВААТ „ВАЛКАНИТЕ АЛИШТА“: Хари и Меган ќе ја кажат вистината за сите тензии со остатокот од семејството!

Дојде и тоа време!
Принцот Хари и Меган Маркл конечно се подготвени да зборуваат за изминатата година, во која тие беа едно од најспоменуваните имиња во светските медиуми.

Откако решија да го напуштат кралското семејство, да се преселат во Америка и да се откажат од сите кралски должности и заслуги, тие одлучија да седнат во фотелјите на легендарната Опра Винфри на 90-минутен специјал на CBS и да ја раскажат својата страна на приказната – дури и кога станува збор на сите тензии што се појавија во најпознатото семејство во светот. Споменатото интервју е закажано за 7. март, а целата планета со нетрпение го чека.

E! News за оваа тема ексклузивно дознава, чиј извор тврди дека парот е подготвен да ја каже целата вистина за настаните зад затворените врати на кралската палата. Оваа вест доаѓа откако тие неодамна трајно напуштија сè што досега ги врзуваше за кралското семејство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ – 30 ГОДИНИ МУЛТИ КУЛТУРА

Баги Комуникации по повод прославата на 30 годишнината од македонската независност, ќе организира 4 концерти …