Единствен исправен начин за подготовка на брокула

Брокулата е еден од најздравите зеленчуци бидејќи содржи многу антиоксиданти, штити од рак, има многу витамин Ц, го зајакнува имунитетот, добра е за крвниот притисок … Но, тоа не значи дека можете да го подготвите на кој било начин.
Со погрешен метод на подготовка, можеме лесно да ги уништиме сите корисни својства на брокулата, откриле научниците во истражувањето на Универзитетот во Илиноис.


Готвењето во врела вода или на висока температура во микробранова печка ги уништува сите добри својства, па затоа научниците препорачуваат да готвите брокула исклучиво на пареа, четири до пет минути.


Според Дејли Меил, зеленчукот е сварен кога малку ја менува бојата, но не смее да се омекне целосно за да се задржат витамини и минерали. Една студија објавена во „Journal of Agricultural and Food Chemistry“, исто така, покажа дека би било добро да се јаде сурова брокула затоа што оние што така ја јаделе го апсорбирале сулфорафанот што го содржел подобро од оние што го јаделе варен.

Фото: Илустрации

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Светскиот ден на хемофилијата со регионална кампања одбележан од Рош Македонија

Пандемијата со COVID-19 донесе голем број предизвици во изминатиот период со посебно влијание врз лицата …