(ВИДЕО) Полицијата упаднала на илегална трка и пресретнала 45. егзотични возила

Во Хонг Конг нема шеги со силите на редот.
По најавата за подготовка на друга нелегална трка, полициските сили на Хонг Конг организирале акција во која пресретнале повеќето од учесниците. Во раните утрински часови колона егзотични автомобили била забележана на градската авенија и полицијата решила да постави блокади. Целото „јато“ од 45 автомобили било фатено во мрежата.
Според South China Morning Post, полицијата добила низа поплаки од локалните жители, кои се жалеле во последните неколку недели за „бучава што многу потсетува на онаа на тркачките автомобили“. Трките најчесто се одржувале за време на викендите во раните часови, изјавил локален градски советник.
Во блокадата полицијата фатила голем број Ламборџини, Поршеа и Ферари, но исто така и егзотика како што се Нисан ГТ-Р или Мерцедес-АМГ ГТ С. Локалните медиуми известуваат дека Нисаните биле видени на бродовите, а полицијата наводно ги запленила поради сомневање за незаконски модификации. Полицијата издала наредба за вонреден технички преглед за девет возила.

Нелегалните трки во Хонг Конг стануваат сè попопуларни, со 40% пораст минатата година. Полицијата објави дека во првите 11. месеци од минатата година открила 139. илегални трки, додека во целата 2019 година биле забележани 99. илегални трки.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Добрите ефекти на лебот на организмот

Многу луѓе избегнуваат конзумирање леб, но изборот на правилен тип може да има позитивни ефекти …