Луција ДеКлерк, во моментов во 106-та година, успешно го преболела коронавирусот.
Луција е родена на Хаваи во 1916 година и доживеала 2 светски војни, го совладала шпанскиот грип и имала три мажи кои се починати.
Таа во моментов живее во Њу Џерси во старечки дом, каде што на 25.01. го прославила својот 105-ти роденден. На денот пред нејзиниот роденден, таа добила втора доза на Pfizer-Biontech вакцина, а на нејзиниот роденден таа доби позитивен тест во Ковид-19.
Луција има двајца живи синови, пет внуци и 12 правнуци и 11 праправнуци кои веќе не ја викаат “баба Лусија”, туку „105-годишна која го шутнала вирусот корона“.
Своето здравје Лусија му го припишува на верата, избегнувајќи брза храна и златното суво грозје натопено во џин.
„Тегла наполнете со златно (светла боја) суво грозје и џин и оставете да отстои девет дена, а потоа секој ден јадете по 9 зрна суво грозје секој ден”, рекла Луција за нејзиниот рецепт со кој го започнува секој ден.
Нејзините потомци се смееле за тоа, но нејзината 53-годишна внука рекла: “Таа сега сни е смее. Таа победи со се со што се сретнала!”
Фото: Seattle Times